На Фернандо Алонсо очигледно не му пречеше што не е на листата на возачи за кои Ред бул ќе смета за замена на Даниел Рикардо за 2019 година.
Откако Рикардо потпиша за Рено, двократниот шампион беше поврзуван за место во „бикот“, но шефот на Ред бул, Кристијан Хорнер изјави дека Алонсо предизвикува „хаос“ во тимовите каде што доаѓа и дека нема најдобра репутација околу човечките односи во тимовите во кои настапувал.
Со ова изгледа дека борбата за местото во Ред бул ќе се води меѓу јуниорските возачи на Ред бул, Карлос Саинс и Пјер Гасли.
??????????????????!!! definitely one of the best things ever!!! Summer hit !!???????. #fromlastweekNothanks https://t.co/IaFD3tIMh4
— Fernando Alonso (@alo_oficial) August 9, 2018
Алонсо, откако ја забележи изјавата на Хорнер, мораше да реагира преку социјалните мрежи пишувајќи: „Една од најдобрите работи кои сум ги видел! Летен хит! Вести од минатата недела, не благодарам“.
Останува да се види дали Шпанецот ќе ја продолжи кариерата во Ф1 или ќе побара среќа во некоја друга тркачка серија.