Top Sport

Алпин подготвиле тужба за Пјастри

Директорот на Ф1 тимот Алпин, Отмар Шафнауер, откри дека случајот со Оскар Пјастри ќе заврши на суд.

dobivaj vesti na viber

Сите фанови на Ф1 беа изненадени од веста дека Фернандо Алонсо по крајот на сезоната ќе го напушти Алпин и ќе се приклучи на тимот на Астон Мартин.

Тогаш Алпин објави дека на неговото место ќе пристигне Оскар Пјастри. Австралиецот експресно го демантираше официјалното соопштение на тимот. Негова желба е да вози за Мекларен.
Набргу и од ФИА потврдија дека Оскар има преддоговор со Мекларен, но Отмар Шафнауер не се откажува од Пјастри и вели дека овој скандал нема да се реши само така.

„Имаме договор со Пјастри, договор што тој го потпиша пред неколку месеци. Разговаравме со нашите адвокати и ни рекоа дека тоа е обврзувачки договор, па дел од тој договор ни овозможува да го ставиме Оскар во еден од нашите автомобили во 2023 година како што официјално објавивме. Разговаравме и со нашиот финансиски персонал и ги проверивме сите податоци, па ќе одиме на суд“, рече Шафнауер.

Директорот на Алпин потоа продолжи:

„Очекував поголема лојалност од Пјастре. Тој треба да има малку чувство за тимот кој му даде место во Формула 2 и му помогна да стане светски шампион, тимот што го подготви за Формула 1. Тој мораше да покаже поголема лојалност. Во Формула 1 сум од 1989 година и никогаш не сум видел вакво нешто. Тоа не е само натпреварување,тука зборуваме за интегритет на една личност.Ова може да се случи во фудбал, хокеј, кошарка, не е важно. Едноставно вакво нешто во Формула 1 не се прави. Тој го потпиша официјалниот документ“, објасни Шафнауер.

Link with us
Game bài đổi thưởng
Scroll to Top