Американскиот мотоциклист, Алекс Харвил загина при подготовките за поставување на светски рекорд со прескокнување на 107 метри на аеро-митингот во Вашингтон, објавија локалните власти.
28-годишниот Харвил се обидуваше да постави рекорд од 351 стапки (107 метри) за скок од подвижна рампа, но на подготовките, имал лошо приземјување и излетал од мотоциклот губејќи ја кацигата. Трагедијата доаѓа еден месец откако Харвил го доби вториот син.
„Ги сакам мотоциклите цел живот и ова е посебно место за мене“, изјавил Харвил пред несреќата.
Тој претходно беше светски рекордер во 2013 година, кога прескокна 297 стапки од една рампа до друга.