Поранешниот Ф1 возач, а сега ТВ-коментатор Мартин Брандл ги повика славните луѓе кои се гости на Ф1 трките да бидат малку попристојни и да покажат почит кон Ф1, откако имаше непријатно искуство со раперката Меган Ти Сталион на Американското ГП.
Пред трката во Тексас, Брандл се обиде да има интрвју со МТС, пред таа да му одговори: „Немам рап денеска, извини“, а Брандл да има непријатна средба со нејзините телохранители.
Брандл не беше задоволен.
„Сум се чувствувал под притисок на патеката и претходно од луѓе кои се викаа Сена, Прост, Шумахер, Менсел, Пике и така натаму. Телохранителите првпат на патеката не ми пречеа, секој има своја работа, но би можеле да бидат попристојни и да не почитуваат“, напиша Брандл.
Раперката не беше единствена која „избега“ од Брандл во неделата, откако тој не успеа да добие коментар ниту од тениската ѕвезда Серена Вилијамс.
Единствен кој ја претстави САД добро пред ТВ камерите, секако беше човекот кој го додели трофејот, Шекил О’Нил, кој како спортист знае што значи да се почитува нечија работа.
When in Texas ??
It's the @SHAQ mobile! ?#USGP ?? #F1 pic.twitter.com/bOcNTV5Rzq
— Formula 1 (@F1) October 25, 2021