Валтери Ботас го заврши првиот зимски тест од новата Ф1 сезона како најбрз возач, откако со „Ц5“ гумите постави време од 1:15.732 на патеката „Каталуња“ покрај Барселона, најдобро време во триете дена тестирање и за 0.7 секунди зад својот клупски колега, шампионот Луис Хамилтон.
Со ова Мерцедес прати јасна порака до ривалите дека не планира да ја предаде шампионската титула и засега е апсолутен фаворит на стартот на сезоната во Мелбурн следниот месец.
Естебан Окон беше трет со Рено РС20 болидот, поставувајќи време од 1:17.102, додека неговиот колега Даниел Рикардо имаше проблеми со болидот и заврши како седми. Ленс Строл беше четврти за Рејсинг поинт со 1.6 секунди заостанување во болид кој според многумина е „копија“ на минатогодишниот болид на Мерцедес.
Ред бул можеа да се пофалат само со осмо место за Макс Ферстапен и деветто на Пјер Гасли, додека Карлос Саинс беше 11. за Мекларен. Денот не беше посебно добар за Ферари – Себастијан Фетел ја прекина утринската сесија, со што беше ограничен на под 100 круга тестирање и со само 13-то најдобро време.
Тестирањето продолжува следната среда со уште три дена на „Каталуња“.
? All done for the day, and the week!#F1Testing pic.twitter.com/uMHfQBiBTf
— Formula 1 (@F1) February 21, 2020