Top Sport

Шефот на полицијата не е виновен за катастрофата на „Хилсборо“

Поранешниот полициски шеф на Јужен Јоркшир, Дејвид Дакенфилд е ослободен од обвиненијата за убиство од небрежност околу смртта на 95 навивачи на Ливерпул во катастрофата на „Хилсборо“ во 1989 година.

Дакенфилд беше одговорен за мечот на 15 април 1989, кога Ливерпул играа со Нотингем форест во полуфиналето од ФА куп на стадионот на Шефилд венсдеј. Тој беше обвинет за смртта на 95 од 96-те жртви на стадионот – Тони Бленд, 96-тиот навивач, почина по една година по трагедијата. Првото судење оваа година заврши без одлука, пред сега тој да биде ослободен.

Блиските на жртвите луто реагираа на оваа одлука.

„Го обвинуваме системот кој беше толку морално погрешен, што треба да е срам за цела нација. Кога 96 луѓе, тие велат 95, ние велиме 96, ќе го загубат животот и никој не е одговорен, не може да се има верба во системот. Кој ги постави овие 96 луѓе во гробот? Кој е одговорен?“, изјави претседателката на групата за поддршка на семејствата од „Хилсборо“. Нејзиниот 18-годишен син беше меѓу загинатите.

Scroll to Top