Top Sport

Како Просинечки го „уништи“ Марадона (видео)

На социјалните мрежи се појави интересно видео во кое Роберт Просинечки, поранешниот хрватски фудбалер и ексселектор на Босна и Херцеговина, лесно го дрибла големиот Диего Марадона, покажувајќи дека имаше талент со кој можеше да постигне многу.

Просинечки беше најдобар како фудбалер на Црвена звезда со која во 1991 година стана европски шампион и доби договор со Реал Мадрид, каде што помина четири сезони, пред да потпише за Барселона. Подоцна, тој помина уште една сезона во Севилја, пред да се врати дома.

На социјалните мрежи во поранешна Југославија, стана популарно видеото во кое се покажува како Просинечки, во дресот на Реал успева лесно да го помине Марадона, тогаш во дресот на Севилја.

Scroll to Top