На Аргентинецот Кевин Бенавидес му беше доделена победата на седмата етапа на Дакар релито откако тој застана да му помогне на Пауло Гонсалвеш по инцидентот во кој португалскиот мотоциклист го загуби животот.
Возачот на Хонда, Бенавидес водеше на најдолгата етапа на релито од Ријад до Вади Ал-Давасир пред Гонсалвеш да се судри по 276 километар, а неколку возачи застанаа да му помогнат, вклучувајќи ги Бенавидес, Тоби Прајс и Штефан Свитко.
Бенавидес ја заврши етапата со 6:35 заостанување зад Жоан Бареда, но тој доби бонус секунди и затоа победата е негова со 1:23 предност пред шпанскиот колега.
Во пласман на автомобили, Карлос Саинс стигна до својата трета етапна победа, за да го зголеми водството во генерален пласман. Шпанецот, кој оди на трета победа на Дакар, по 546 километри имаше 2 минути предност пред актуелниот шампион Насер Ал-Атијах, и сега има точно 10 минути предност. Трет во генерален пласман е Стефан Петерхансел, кој сега има 19 минути заостанување зад Саинс на пет етапи до крајот на трката. Двократниот Ф1 шампион, Фернандо Алонсо беше шести и сега е блиску до топ 10 пласман во генерален пласман.
Трагедија на Дакар релито – почина ветеранот Пауло Гонсалвеш