Top Sport

Дали Ферари работат против Леклер? Тој бара објаснување по домашната мизерија

Шарл Леклер призна дека ќе бара објаснување од неговиот тим Ферари по шокантните квалификации на домашната трка во Монако, каде што тој испадна во првиот циклус квалификации и утре ќе стартува на 16. место.

Леклер, кој досега покажа импресивни квалитети како возач на Скудерија оваа сезона, прво постави најдобро време на саботниот трет тренинг, но потоа зачудувачки беше заддржан во гаражата до финишот на сесијата, за да падне на 15. место. По ова, уште поиронично, токму неговиот колега Себастијан Фетел го „турна“ на 16. место и надвор од првите квалификации.

„Ги прашав дали беа сигурни, тие ми кажаа: ’Мислиме дека е така’. Ги прашав: ’Дали да излезам повторно?’, но не добив вистински одговор. Мислев дека ќе излезам повторно, но тие уште ги немаат деталите. Ова е тежок удар и тешко е да се прифати. Немаше проблем, и тој се направи. Потребни ми се објаснувања. Се надевам дека утре ќе врне па ќе имам малку шанси. Ако е суво ќе биде досадно, бидејќи тука не може да се претекнува“, вели Леклер.

Хамилтон супериорно до пол-позицијата во Монако, ново фијаско за Ферари

Scroll to Top