Top Sport

Девојката која го скрши ’рбетот ќе се врати на тркање во 2019 година! (видео)

Германската тинејџерка Софија Флерш, која го скрши ’рбетот во еден од најспектакуларните судири во историјата, потврди дека следната година се враќа на тркањето во Формула 3 шампионатот со тимот на Ван Амерсфорт рејсинг.

Флерш го повреди ’рбетот откако нејзиниот болид се крена во воздух и се удри во „бункерот“ за фотографите во текот на Макау ГП трката, во која за чудо никој не го загуби животот.

Шефот на холандскиот тим, Фриц ван Амерсфорт потврди дека таа ќе се натпреварува во Европскиот Ф3 шампионат, и додаде дека тимот успеал да ги врати деловите од судирот кои се појавиле на „Ибеј“ по инцидентот.

„Европската Формула Мастерс серија е совршено место за мене. Имам одличен болид и шанси да научам и ќе се натпреварувам со мојот тим. Опоравувањето оди според планот“, изјави Флерш.

Флерш имала „ангел чувар на рамото“ за да го преживее хоророт во Макау (видео)

Scroll to Top