Top Sport

Ѓоковиќ е „ИТФ светски шампион“

Шести пат во кариерата, Новак Ѓоковиќ, ја доби наградата „ИТФ светски шампион“. Ѓоковиќ, на вечната листа, го мина Роџер Федерер и се израмни со Пит Сампрас.

„Горд сум што го добив ова признание по сите проблеми што ги имав на почетокот на годината. Сепак, секогаш верував дека можам да се вратам на врвот. Особено задоволство ми претставува тоа што се израмни со Сампрас“, рекол Ѓоковиќ.

Ѓоковиќ брилијантно го одигра вториот дел од сезоната, успеа да победи во Вилблдон и Ју-Ес Опен и на крајот од годината да се врати на првото место на АТП листата, иако во еден момент се наоѓаше на 21.место.

Србинот по поразот од Марко Чекинато, во четврт-финалето на Ролан Гарос имаше шест победи и исто толку порази, а во продолжението на сезоната забележа 43 победи и пет порази.

Scroll to Top