Џес Хокинс од Астон Мартин стана првата жена по пауза од речиси пет години, која возела модерен Формула 1 болид на патеката Хунгароринг покрај Будимпешта.
Хокинс, која е позната како каскадер, е амбасадор на Астон Мартин и возела 26 круга во болидот од 2021, АМР21 на патеката каде што секоја година се вози Унгарското ГП. 28-годишната Хокинс исто така повеќе пати работела на симулаторот на тимот во нивната фабрика во Силверстоун.
Во 2024 година, ФИА стартува со новата „Ф1 академија“ за жени, во која младите девојки ќе добијат шанса да ги покажат своите возачки квалитети. Последна жена која возеше Ф1 болид беше Колумбијката Татанија Калдерон пред Мексиканското ГП во 2018 година, а последна учесничка на Ф1 виканд беше Сузи Волф, сопругата на шефот на Мерцедес, Тото Волф, која комплетираше тренинг за Вилијамс на Британското ГП во 2015.
Последна жена која возела Ф1 трка беше Лела Ломбарди, која се тркаше на Австриското ГП во далечната 1976 година.