Top Sport

Ди Монтеѕемоло: Кризата во Ферари може да трае долго

Поранешниот претседател на Ферари, Лука ди Монтеѕемоло, објасни дека е загрижен бидејќи Скудерија може да се најде во подолг кризен период по лошиот почеток на новата сезона во Формула 1.

Во 2022 година, Ферари покажа големо подобрување и во една етапа од сезоната Шарл Леклер беше кандидат за светската титула, но оваа сезона Италијанците заостанаа и се борат со Мерцедес за третото место, зад Ред Бул и зад Астон Мартин.

Ферари го зазема четвртото место во поредокот на конструктори со 26 бода по три трки. Тоа е најслаб старт на тимот од 2009 година.

„За мене е болно, жал ми е што гледам таков настап на Ферари“, објасни Ди Монтеѕемоло за „FormulaPassion.it“.

„Мислам дека ова не е некоја кратка криза, се работи за градење на тимот и треба да го привлечеме најдобриот технички персонал“, истакна тој.

Промените во Ферари започнаа на зима со разделбата со Матија Биното и назначувањето за тимски шеф на Фредерик Васер.

Scroll to Top