Top Sport

„Докторот“ ги нареди шампионските мотоцикли пред својата последна трка

Легендата на Мото ГП шампионатот, Валентино Роси, овој викенд ќе ја вози својата последна мотоциклистичка трка на Валенсија ГП трката, а неговите поранешни тимови направија убав гест, откако ги „наредија“ сите негови шампионски болиди.

Еден мотоцикл од неговите девет шампионски титули беше поставен заедно со претставник од фабриките – Лин Џарвис за Јамаха (2004, 2005, 2008, 2009), Алберто Пуиг за Хонда (2001, 2002, 2003) и Масимо Ривола за Априлија (1996, 1998).

„Ќе се обидам последната трка да биде нормална, но мислам дека тоа не е возможно. Емоциите се многу големи уште денеска кога ги видов мотоциклите наредени и сите возачи тука. Ги имам сите овие мотоцикли дома, освен Хондите. Моторите на Јамаха ми се дома, 2004 моделот е во мојата спална, така што секогаш кога станувам го гледам мотоциклот. Се надевам дека Хонда ќе го смени мислењето и ќе ми даде еден мотоцикл, верувајте ќе биде поставен на вистинска температура и на вистинско место во мојот дом“, вели Роси.

Scroll to Top