Top Sport

Икарди за „мир“ со Ванда се согласил сите пари да бидат нејзини до 2050?

Неверојатната аргентинска „сапуница“ околу напаѓачот на ПСЖ, Мауро Икарди и неговата сопруга Ванда Нара добива уште една бизарна епизода, откако се тврди дека тој го спасил својот брак со „договор“ со кој целиот негов имот и пари се на името на Нара до 2050 година.

Икарди и Нара прво се разделија по наводното неверство на фудбалерот, а по неколку раскинувања и смирувања, сега според аргентинските медиуми ситуацијата е „нормална“, ако може така да се каже. Според „ТуС Sports“, напаѓачот дозволил Нара да го има правото на сите негови договори, сегашни и идни, како и сите работи кои се на негово име до 2050 година, кога тој ќе има 57 години.

Ова значи дека Ванда ќе биде сопственик на компанијата „Ворлд маркетинг фудбал“, која заеднички ја формираа додека тој играше за Интер, а во зделката се вклучени и станот во Милан и куќата на езерото Комо, парите од ликот на Икарди и сите приходи од реклами.

Сагата почна откако Ванда го обвини Икарди дека ја измамил со аргентинската актерка Чина Суарез, по што Икарди ги избриша сите од неговиот Инстаграм (освен сопругата). Ванда сподели фотографија со поранешниот сопруг Макси Лопез, поранешен соиграч и пријател на Икарди. Вистинскиот почеток е пак, кога Икарди се сретна со Лопез, додека тој беше фудбалер на Барселона и потоа заедно играа во Сампдорија, а откако Лопез повеќе пати го поканил во неговиот дом, Икарди почнал афера со Ванда.

Scroll to Top