Андреа Довициозо стигна до едноставна трета победа во Мото ГП оваа сезона, откако го победи лидерот во генерален пласман и актуелен шампион Марк Маркез, додека колегата на Довициозо од Дукати, Хорхе Лоренцо излета од второто место.
Ова е трета последователна победа на Дукати, првпат од 2008 година, откако Довициозо од четвртото место на стартот успеа да дојде во водство и потоа имаше најголема брзина до крајот на трката. Исто така ова е прва победа на Дукати на патеката во Мизано по пауза од 11 години!
Лоренцо и Маркез успеаја да ја намалат разликата на Довициозо во финишот на трката, пред Лоренцо да излета во претпоследниот круг. Лоренцо ја задржа предноста од пол-позицијата пред Џек Милер, додека Маркез беше трет пред Довициозо, но до крајот на кругот Дови ги помина Маркез и Милер и во шестиот круг го помина и својот клупски колега на осмата кривина за да дојде во водство.
Маркез и Лоренцо беа вклучени во интересна борба за второто место, пред инцидентот на Лоренцо, по кој Кал Крачлоу (ЛЦР Хонда) го освои третото место пред Алекс Ринс во Сузуки. Маверик Вињалес во Јамаха падна на петтото место на стартот и не успеа да се придвижи напрад, како и домашниот тркач Валентино Роси, кој беше седми зад втората Хонда на Дани Педроза. Андреа Јаноне (Сузуки), Алваро Баутиста (Нието Дукати) и Жоан Зарко (Тех 3 Јамаха) го комплетираа топ 10.
#MotoGP RACE ?@AndreaDovizioso is untouchable! He storms to Ducati’s first win in Misano in 11 years! ?@marcmarquez93 takes second ahead of @calcrutchlow in third#SanMarinoGP pic.twitter.com/jUP1MBcopp
— MotoGP™??? (@MotoGP) September 9, 2018
The traditional track invasion begins in Misano ?#SanMarinoGP ?? pic.twitter.com/MA8eWcdIq8
— MotoGP™??? (@MotoGP) September 9, 2018