Актуелниот светски првак Луис Хамилтон ја освои пол-позицијата во пресрет на утрешната трка за Големата награда на Штаерска. По тешки временски услов Битанецот во квалификациите ги растури конкурентите. Неговиот најбрз круг на патеката „Ред Бул ринг“ изнесуваше 1:19.273 минути. Хамилтон ја забележа јубилејната 90 пол-позиција во кариерата.
Хамилтон конкурентите ги остави зад себе за повеќе од една секунда. Најблиску до него беше Макс Ферстапен од Ред Бул кој имаше послабо време за 1,2 секунди. Изненадувањето во квалификациите го направи Карлос Саинц со Рено, тој утре трката ќе ја започне од третата позиција, а до него во вториот стартен ред ќе биде победникот од минатата недела Валтери Ботас.
Место меѓу првите десет на стартот обезбедија Естебан Окон, Ландо Норис, Алекс Албон, Пјер Гасли, Даниел Рикардо и Себастијан Фетел.
По силниот дожд во Австрија разочарувачки квалификации имаше Шарл Леклер кој не успеа да влезе во последниот филтер и трката ќе ја страртува од 11 место.
Утрешната трка за Големата награда на Штаерска ќе започне во 15.10 часот.