Top Sport

Дали Канело-Ковалев беше наместен меч? (видео)

Неколку поранешни боксерски шампиони се сомневаат дека нокаутот на Канело Алварез над Сергеј Ковалев во текот на викендот е резултат на „наместен меч“, фрлајќи сомнеж кон Мексиканецот.

Канело го собори Русинот Ковалев со силен удар со десницата во 11. рунда за да стане шампион во четири тежински категории, откако прво се одбрани од неколку обиди на противникот за да го „здрма“ со левата рака.

Поранешниот шампион Раул Маркез одговарајќи на прашањето на раперот Ел-Ел Кул Џеј дали мечот е наместен, кратко одговори: „Тоа е првото нешто на што помислив. Го знаеш боксот“.

Корнелис Бандриџ, уште еден поранешен шампион исто така беше изненаден.

„Беше чудно бидејќи мечот беше многу досаден и одеднаш Ков замина во земјата на соништата“, вели Бандриџ.

Ешли Теофан, поранешен британски боксер вели дека ако мечот завршел во 12-тата рунда, Ковалев ќе победел на поени.

„Не можеа да си дозволат мечот да оди кај судиите. Канело дефинитивно го губеше тој меч“, изјави Теофан.

Scroll to Top