Поранешниот шеф на Формула 1, Берни Еклстоун стравува дека спортот може целосно да исчезне ако корона вирусот продолжи да го одложува стартот на шампионатот.
Еклстоун, кој е во „изолација“ на неговата фарма за кафе во Бразил со својата сопруга, вели дека поради „затварањето“ на сезоната може да се случи целосно исчезнување на спортот поради целосно секнување на изворите на приходи на тимовите и на спортот – ТВ правата, парите за оддржување на трките и спонзорите.
„Да погледнеме и во најдоброто сценарио, да се потребни шест месеци за да се среди оваа пандемија и веќе да нема проблем, за Формула 1 ќе биде многу тешко да се оддржуваат трки. Морате да ги убедите промотерите да ризикуваат да оддржуваат трки без публика, а не може да се тркаат на -10. Кога се оди на Формула 1 трка, тоа се планира цел ден, не стануваш едно утро и велиш ќе одам на Силверстоун. Еве и да има трки, треба да имаш живи учесници. Дали тимовите ќе бидат во состојба да патуваат и да се тркаат кога немаат пари да ги плаќаат своите вработени?“, се прашува Еклстоун.