Поранешниот шеф на Формула 1, Берни Еклстоун вели дека нема причина за откажување на Руското ГП бо Сочи, бидејќи во Русија нема војна.
„Формула 1 групацијата реши дека е најдобро да ја откажат трката, но не знам дали тоа беше исправно. Нема војна во Русија. ФИА го потврди тоа бидејќи Формула 1 групацијата го направи тоа без разговор. Сигурен сум дека да беше само до ФИА, немаше да направат ништо. Владимир Путин не е среќен со работите кои се случуваат, со тоа што го нарекуваат криминалец, така што мислам дека не му е грижа за Ф1 трка“, вели Еклстоун за „АП“.
91-годишниот Еклстоун повторно застана во одбрана на рускиот претседател, со кого е близок пријател, наречувајќи го чесен човек.
„Како личност тој е многу директен и искрен. Тој го направи тоа што рече дека ќе го направи без многу расправии“, додава Еклстоун.