Top Sport

Ексдиректорот на трки во Ф1, Мајкл Маси си замина од ФИА

Мајкл Маси, поранешниот директор на трки во Формула 1, кој беше отстранет од позицијата по минатогодишната контроверзна завршница на сезоната во Абу Даби, си замина од Светската автомобилистичка федерација (ФИА) и се пресели во својата татковина Австралија за да биде поблиску до своето семејство.

Претседателот на ФИА, Мохамед Бин Сулајем го отстрани Маси од позицијата, откако ФИА во истрагата заклучи дека има „човечка грешка“ во неправилното повикуваање на безбедносното возило на последната трка од сезоната во Абу Даби, кога Макс Ферстапен во последниот круг го помина Луис Хамилтон и ја освои светската титула. Доколку не дозволи болидите кои беа меѓу двајцата тркачи зад безбедносното возило да ги поминат, Хамилтон ќе станеше шампион.

„ФИА потврдува дека Мајкл Маси реши да замине од ФИА и да се пресели во Австралија за да биде поблиску до неговото семејство. Тој три години беше директор на трки на Ф1 по ненадејната смрт на Чарли Вајтинг во 2019 година, завршувајќи ја својата работа на професионален и посветен начин. Му благодариме за неговата посветеност и му посакуваме среќа во иднината“, се вели во објавата на ФИА.

Scroll to Top