Формула 1, попладнево потврди дека трката за Големата награда на Русија нема да се одржи во блиска иднина. Формула 1 го прекина договорот со организаторите на трката во Сочи, без можност тој повторно да биде потпишан.
Пред два дена ФИА одржа состанок, на кој донесе одлука да не ги суспендира руските белоруските возачи, но тие ќе се тркаат без државните обележја.
Исто така, на тој состанок, ФИА донесе одлука, во Русија и Белорусија да се одржуваат натпревари, се додека не биде донесена поинаква одлука.
Денес, Формула 1, потврди дека воопшто не размислива да се врати на патеката во Сочи и дека веројатно никогаш нема да има соработка помеѓу двете страни.