Top Sport

Ф1 шампионатот може да се реши со протест – Волф: Ред бул се „губат“

Шефот на Мерцедес, Тото Волф вели дека одлуката на ривалите од Ред бул до медиумите да достават фотографии со кои се проблематизира задното крило на Мерцедес е „шокантна“ и покажува дека тие се „губат“ во борбата за титулата.

Ред бул подолго време тврдат дека задното крило на Мерцедес се „витка“ повеќе од дозволеното, а ФИА реши да воведе нови тестови пред Катар ГП трката, за да се осигура дека болидите се легални. По ова, Ред бул пратија фотографија на која тврдат дека се покажуваат „гребаници“ на крилото од преголемо движење, но Волф вели дека тоа се „глупости“.

„Шокантно, велите ги доставуваат до медиумите? Што гледате на овие фотографии? Освен некои работи кои се изгребани, нема ништо друго. Не знам што сакаат да постигнат. Дали ќе протестираат? Не знам што ќе направат, бидејќи не им ја следам логиката, очигледно се губат. Ние се фокусираме на нашата работа и ни треба добра трка. Тоа е најважно“, вели Волф.

Шефот на Ред бул, Хорнер на „Скај спортс“ ја објасни контроверзната фотографија.

„Сивата област е местото каде што долниот дел од крилото се трие, каде што се движело и виткало. Имаме повеќе фотографии од последните ГП трки на кои се случува ова и тоа не загрижува. Тоа е само еден дел од проблемот, нема да ги објавиме сите документи за протестот, туку ова е само пример за тоа што се случува и затоа имаат толку голема брзина на рамните делови. ФИА го има тоа, и има луѓе кои ќе го проверат тоа“, објаснува Хорнер.

Scroll to Top