Американското ФБИ по направената истрага објави дека „бесилката“ која беше пронајдена во гаражата на единствениот црн возач во НАСКАР, Баба Валас, не претставува злосторство од омраза бидејќи јажето било поставено во гаражата на патеката Таладега уште минатата година.
ФБИ објави дека гаражата со број 4 била доделена на Валас минатата недела и дека видео снимките покажуваат дека во таа гаража имало „јаже врзано во јамка“ уште во октомври 2019 година, кое се користело за влечење на вратата на гаражата.
Еден член на тимот Ричард Пети моторспорт го пронајде јажето во неделата на патеката во Алабама, по што НАСКАР веднаш ја инфомрираше ФБИ, која прати 15 агенти на патеката, кои на крајот утврдиле дека нема криминал.
Претседателот на НАСКАР, Стив Фелпс влеи дека серијата ќе продолжи со сопствената истрага за да утврди што точно се случило.