Кими Раиконен го постави најдоброто време на вториот тренинг пред Белгиското ГП овој викенд, победувајќи го светскиот шампион Луис Хамилтон за 0.168 секунди и потврдувајќи ја доминацијата на Ферари во Спа, откако во првата сесија најбрз беше неговиот колега Себастијан Фетел.
Хамилтон имаше предност со Мерцедес во првата половина од сесијата со најдобро време од 1:44.369 на „средни“ гуми, но ова беше за само 0.031 секуни побрзо од Раиконен, по што Финецот беше побрз кога се симулираа квалификациски возење.
Раиконен на супер-меки гуми постави круг од 1:43.555, време кое не беше достигнато и зад него остана Хамилтон и Валтери Ботас во Мерцедес. Фетел мораше да се откаже од обидот да постави најдобро време во последниот час, кога направи грешка во 14-тата кривина, за на крајот да заврши како петти зад Макс Ферстапен во Ред бул.
Даниел Рикардо беше шести најбрз пред Серхио Перез (за новиот Рејсинг Поинт Форс Индија), пред Карлос Саинс (Рено), Маркус Ериксон (Заубер) и Шарл Леклер (Заубер).
A good day at the office for @ScuderiaFerrari as Kimi takes top spot in FP2 ?#BelgianGP ?? #F1 pic.twitter.com/xCwn2LugFY
— Formula 1 (@F1) August 24, 2018