На воодушевување на неговите холандски навивачи, светскиот шампион Макс Ферстапен ја освои пол-позицијата пред спринтерската трка на Австриското ГП на патеката Ред бул ринг, победувајќи ги двајцата возачи на Ферари, додека лоша среќа имаа возачите на Мерцедес, откако и Луис Хамилтон и Џорџ Расел ја завршија третата квалификациска сесија во ѕидот.
По двете подолги паузи поради инцидентите на Расел и Хамилтон, возачите имаа прилика за само еден летечки круг за да го подобрат времето и Шарл Леклер и Карлос Саинс Јуниор успеаја да го подобрат времето на Холанѓанецот, пред Ферстапен да ја врати првата позиција.
Леклер ќе стартува покрај Ферстапен во утрешната трка, додека во вториот ред ќе се Саинс и вториот возач на Ред бул рејсинг, Серхио Перез.
Lewis Hamilton goes into the wall during a practice lap at the #AustrianGP ?
He appears to be ok ?
Hamilton is +1200 to win outright this weekend. pic.twitter.com/Zla82C3lw9
— Covers (@Covers) July 8, 2022
QUALIFYING CLASSIFICATION
Not much in it between the top three ?#AustrianGP #F1 pic.twitter.com/6psE60NFfp
— Formula 1 (@F1) July 8, 2022