Асот на Ред бул, Макс Ферстапен го заврши првиот ден Формула 1 тестирање во Бахреин на првото место, додека шампионите Мерцедес имаа лош почеток на сезоната 2021. Во последниот попладневен час, Ферстапен постави време од 1:30.674 на „средни“ гуми за да остане на првото место со најголем број на извозени кругови (139).
Како што се очекуваше четиричасовната попладневна сесија беше попречена од песочната бура, која ја намали видливоста, но и надолната сила на болидите на валканата патека.
Проблемите на Мерцедес од претпладнето се повторија. Прво Валтери Ботас во утринската сесија имаше проблеми со менувачот и извозе само шест круга, додека светскиот шампион Луис Хамилтон исто така имаше проблеми – прво побара менување на педалите по само седум круга, второто излегување на патеката беше попречено со откачен ретровизор, за на крајот да заостане дури 2.238 секунди за Ферстапен, како вкупно 10-ти во текот на целиот ден.
Мекларен имаа одличен прв ден, откако Лендо Норис го подобри утринското време на Даниел Рикардо за да биде втор најбрз со две десетинки од секундата послабо време, додека трет беше Естебан Окон во Алпине (поранешните Рено) со четврт секунда заостанување, но и со 129 кругови.
Антонио Џовинаци исто така импресионираше за Алфа Ромео откако имаше топ 5 време во поголемиот дел од сесијата за да заврши како шести.
FINAL CLASSIFICATION
More than 1️⃣0️⃣0️⃣0️⃣ laps on the board on day one ?#F1 #F1Testing pic.twitter.com/GB3dG6kd0S
— Formula 1 (@F1) March 12, 2021
A big lock-up for Hamilton as the session comes to a close ?#F1 #F1Testing pic.twitter.com/a5pK9kNlOo
— Formula 1 (@F1) March 12, 2021