Ѕвездата на Ред бул, Макс Ферстапен одби да се извини за своето изразување по судирот со Ленс Строл од Рејсинг поинт на вториот тренинг во Портимао, велејќи дека не е негов проблем ако некој е навреден.
Ферстапен и Строл се судрија на првата кривина откако одеа еден до друг во кривината, и иако Холанѓанецот беше фуриозен во радио-пораката, стјуардите не ги казнија ниту двајцата.
„Дали е овој е.ен човек слеп? Што е.ано му е проблемот? Исусе! Каков ретард. Оштетен ми е болидот. Каков Монгол! Навистина!“, беше дел од радио пораката на Холанѓанецот.
Кога го запрашаа по крајот на сесијата дали треба да се извини за инцидентот, тој студено одговори: „Тоа не е мој проблем“!.
Ова не е првпат тој да нарече некого во Ф1 „Монгол“, откако го искористи овој термин за еден од стјуардите на Американското ГП во 2017, по што изјави дека не сакал да навреди никого.
"What a reatard" "What a Mongol"
Muy polémica radio de Max Verstappen en el incidente con Lance Stroll. pic.twitter.com/8szSWf1mUr— F1 + (@F1plus_) October 23, 2020
Tempers flare as Stroll and Verstappen collide at Turn 1 ?#PortugueseGP ?? #F1 pic.twitter.com/9xhTKe43dp
— Formula 1 (@F1) October 23, 2020