Себастијан Фетел и Макс Ферстапен се повеќекратни Ф1 шампиони, возачи кои во својата кариера поставија повеќе рекорди во најбрзиот спорт, но не можат да се пофалат со својата убавина.
Тоа е заклучокот на веб-сајтот „Gambling.com“, кој во партнерство со „Golden Ratio Face app“ апликацијата решија да направат ранг-листа на најубавите возачи кои беа вклучени во шампионатот во 2022. Со фотографии земени од официјалната веб-страница на Формула 1, и со критериуми како симетричност на лицето и сличност со славните популарни личности, Фетел и Ферстапен го заземаа дното на листата.
Со оценки од 1 до 10, четирикратниот Ф1 шампион кој замина во пензија, Себастијан Фетел е „најгрдиот“ со 8.02, а актуелниот двократен шампион Ферстапен е на 19. место, што би значело дека во новата сезона ќе биде „најгрдиот“.
Неговиот лут рива, Луис Хамилтон има 8.79 оценка, со што го зазема четвртото место, зад својот поранешен колега Валтери Ботас. Второто место отиде кај Шарл Леклер во Ферари со 9.07, но тој пак го пропушти првото место, каде што е возачот на Алпине, Естебан Окон со 9.35 оценка.
Max #Verstappen and Sebastian #Vettel ranked as ugliest drivers in F1 https://t.co/uKpObzPMS5
— Formula1News.co.uk (@Formula1newsUK) December 31, 2022