Top Sport

Фетел: Стјуардите се „слепи“ (Видео)

Возачот на Ферари, Себастијан Фетел, рекол дека стјуардите на трката во Канада биле „слепи“ кога мислеле дека тој можел да го контролира својот болид кога минал преку тревната површина. Фетел доби казна од пет секунди поради што иако прв ја мина целта победата му припадна на Луис Хамилтон.

Стјуардите го казнија бидејќи според нив Фетел му недозволено му ја затворил тркачката линија на Хамилтон.

Преку тимското радио Германецот во текот на трката го искажа своето незадоволство.

„Мораш да бидеш слеп, зарем тие мислеа дека можам да го контролирам болидот. Имав среќа што не удрив во ѕидот. по ѓаволите па каде требаше да одам“, рекол Фетел.

„Овој свет не е поштен. Оваа одлука не е фер“.

Откако тимскиот шеф Матија Биното се обиде да го смири својот возач, тој продолжил.

„Не сакам да се смирам. Ова не е поштено! Не е поштено! Лут сум…Имам право на тоа. Не ме интересира што ќе кажат луѓето“.

Scroll to Top