Top Sport

Бразилците го декласираа Хондурас, победија уште и Мексико, Колумбија и Парагвај (Видео)

Фудбалските репрезентации на Бразил, Колумбија, Мексико и Парагвај забележаа победи во последните натпревари пред почетокот на Копа Америка, односно Голд купот.

Домаќинот на Копа Америка, Бразил, во Порто Алегре го декласира Хондурас со 7:0. Победата мина во сенка на повредата на Артур. Играчот на Барселона со солзи во очите го напушти теренот и многу веројатно нема да настапи на Копа Америка.

Во првото полувреме Бразил постигна три гола (Габриел Жесус, Тијаго Силва, Кутињо), а во второто уште четири (Габриел Жесус, Давид Нерес, Фирмино и Ришарлисон).

Мексиканците со головите на Дос Сантос, Монтес и Луис Родригес го победија Еквадор со 3:2. За Еквадорците головите ги постигнаа Делгадо и Пресиадо.

Колумбија убедливо славеше во дуелот со Перу. Два гола постигна Урибе, а еде напаѓачот на Аталанта Дуван Запата.

Парагвај со головите на Гомес и Гонзалес забележа победа над Гватемала.

Копа Америка на 14 јуни ќе започне во Бразил, а ден подоцна ќе стартува и Голд купот, чии домаќини ќе бидат САД, Јамајка и Порторико.

Scroll to Top