Top Sport

Фиго: Мене не ми гарантираа безбедност на „Ел класико“ па играв

Пред „презакажаното“ „Ел класико“ помеѓу Барселона и Реал Мадрид на „Ноу Камп“ на 18 декември, поранешниот фудбалер на двата клуба, Луис Фиго вели дека се направила грешка со презакажувањето на мечот, бидејќи кога играл тој никој не му ја гарантирал безбедноста и не сфаќа зошто мора тоа да биде направено сега.

Секако, Фиго го посочува неговото славно враќање на „Ноу Камп“ откако направи контроверзен трансфер од Барселона во Реал, кога беше нарекуван Јуда и незадоволството кулминираше кога навивачите на каталонскиот клуб фрлија свинска клава кон него.

„Играв во Барселона и мојата безбедност не беше гарантирана. Не гледам зошто сега мечот се одложи и зошто беше барано да се смени датумот. Кога ќе се смени датум на толку важен меч им се дава сила на тие луѓе кои сакаат да бидат чуени. Фудбалот не треба да биде политички“, вели Португалецот.

По изјавата на Емануел Пети дека додека играл за Барселона владеела расистичка и националистичка атмосфера и дека бил приморуван да научи каталонски јазик, Фиго вели дека во негово време тоа не постоело.

„Во мое време немаше ништо такво. Никогаш не почувствував расизам ниту нетрпение. Напротив, јас бев странец и бев многу попопуларен од шпанските фудбалери“, вели Фиго.

Scroll to Top