Top Sport

ФИА ги забрани ретровизорите на Ферари

Контроверзните ретровизори на „хејло“ уредот кои ги користеа во тимот на Ферари на Шпанското ГП се забранети од ФИА, бидејќи тие не се задоволни од безбедноста која ја нуди ваквиот систем.

Ферари ги протолкува правилата дека има право да се „игра“ со дизајнот, а интересно е што сега ретровизорите се дозволни, но само ако имаат „минимално аеродинамичко влијание“.

Себастијан Фетел заврши како четврти, а Кими Раиконен се откажа по 25 кругови на патеката „Каталуња“, во која триумфираше Луис Хамилтон во Мерцедес во доминантна трка во која во Ферари имаа мака и со гумите на Пирели.

ФИА исто така потврди дека ја истражува батеријата на моторот на Ферари и улогата во хибридниот систем на моторот, поточно МГУ-К уредот, моторот кој врши поврат на електричната и кинетичката енергија. Но, ФИА вели дека нема знаци дека Ферари ги прекршуваат правилата, но бараат објаснување на работата на системот.

Фото: ЕПА

ФИА повторно ќе ја разгледува легалноста на Ферарито!

Scroll to Top