Top Sport

Српската репрезентација контра супер-менаџерот Фаљи Рамадани

Одлуката на српскиот селектор, Милан Крстајиќ да го изостави капитенот на Кристал палас, Лука Миливоевиќ од списокот за натпреварите од Купот на нациите, според српските медиуми претставува „пресметка“ со албанскиот менаџер со потекло од Македонија, Фаљи Рамадани.

Новите репрезентативци Предраг Рајковиќ (голман) и Саша Лукиќ (играч од средниот ред) за српските медиуми изјавија дека претходно им било нудено да бидат дел од репрезентацијата, но само ако ги застапува Рамадани.

„Не ми е пријатно да зборувам за тоа, но мене со посредство на еден репрезентативец ми беше нудено да прејдам кај Рамадани и дека така ќе имам гарантирано место за Светското првенство. Не го прифатив тоа“, изјави Рајковиќ, кој брани во Макаби Тел Авив за српски „Телеграф“.

Слична изјава даде и Лукиќ.

„Ми беше кажано да не се грижам за место во репрезентацијата ако потпишам за Рамадани, но не го направив тоа“, изјави Лукиќ.

Фаљи Рамадани – тетовецот кој „владее“ во српскиот и хрватскиот фудбал

Крстајиќ ги исфрли Миливоевиќ, Ивановиќ, Тошиќ…

Scroll to Top