Луис Хамилтон, актуелниот светски првак во Формула 1, по трката за Големата награда на Велика Британија, не пропушти да го спомене Ферари, со зборовите дека конкурентите „избрале интересна тактика“.
Себастијан Фетел победи во Силверстон, а Хамилтон заврши на второто место, иако во првиот круг Раиконен се заби во него, поради што се најде на последното место. Финецот за инцидентот со Хамилтон беше казнет со 10 секунди.
„Би рекол, интересна тактика применија од друга страна“, рекол Хамилтон на подиумот гледајќи во возачите на Ферари.
„Сепак, ние ќе сториме се што е во наша моќ за да се бориме и да се подобриме во наредните трки“, дополнил возачот на Мерцедес.
Актуелниот шампион оценил дека трката во Силверстон била најдобра во досегашниот дел од сезоната.
По трката за Голема награда на Велика Британија Хамилтон има осум бода помалку од Фетел.
Наредната трка во шампионатот во Формула 1 ќе се вози во германија на 22.јули.