Седумкратниот светски шампион, Луис Хамилтон ги поддршка активистите кои се обидоа да ја попречат трката во Британија, но ги предупреди дека мора да се држат настрана од Формула 1 патеките за да не се случи трагедија.
Британското ГП во неделата двапати избегна катастрофа во првиот круг – прво по лудото излетување на возачот на Алфа Ромео, Кинезот Жоу Гванју на првата кривина, кога тој се преврте и отиде во оградата, предизвикувајќи прекин на трката, а потоа кога болидите се враќаа во боксот, пет активисти на „Just Stop Oil“ иницијативата против фосилни горива излетаа на патеката, пред да бидат совладани од полицијата. На чуден начин, тие имаа среќа што се случи инцидентот на првата кривина, бидејќи во спротивно тие ќе влегоа со огромна брзина.
„Како што видовме, ова е многу опасен спорт. Не бев свесен за денешните протести, и иако секогаш ќе ги поддржувам тие кои прават нешто за тоа што веруваат, тоа мора да се направи безбедно. Ве молам, не скокајте на патеките, бидејќи не сакаме да ве повредиме“, напиша Хамилтон на Инстаграм.
Во интервју, тој исто така даде поддршка.
„Голем поздрав за протестантите. Сакам што луѓето се борат за планетата и потребни ни се повеќе такви луѓе“, изјави тој, пред Мерцедес да објават преку социјалните мрежи дека „тој го поддржува правото на протест, но не и начинот“.
We will not be spectators to government inaction. There can be NO NEW OIL in the UK. And whilst there is, action will continue. #BritishGP2022 #Formula1 #F1 #JustStopOil pic.twitter.com/5c1HXuWoXk
— JustStopOil (@JustStop_Oil) July 3, 2022