Седумкратниот светски шампион, Луис Хамилтон ќе го смени своето презиме, за неговата мајка, Кармен Ларбалестиер да биде дел од неговата тркачка историја, открива возачот на Мерцедес.
37-годишниот Хамилтон откри дека е во процес на менување на своето име и се надева дека наскоро ќе биде комплетирано. Хамилтон се тркаше со презимето на неговиот татко, Ентони од стартот на тркачката кариера, но вели дека не е фер по бракот презимето на жените да престане да „постои“.
„На моето семејство ќе му значи многу ако освојам осма титула, но ќе ми значи и мене знаејќи дека сум горд на моето семејно презиме, Хамилтон. Но, малкумина знаат дека презимето на мојата мајка е Ларбалестиер и дека ќе го додадам на моето презиме. Не сфаќам зошто жената би го губела презимето кога ќе се ожени. Се надевам наскоро, пред Бахреин ГП трката“, изјави Хамилтон.