Top Sport

Хамилтон ќе се трка со поинакво презиме во 2022?

Седумкратниот светски шампион, Луис Хамилтон ќе го смени своето презиме, за неговата мајка, Кармен Ларбалестиер да биде дел од неговата тркачка историја, открива возачот на Мерцедес.

37-годишниот Хамилтон откри дека е во процес на менување на своето име и се надева дека наскоро ќе биде комплетирано. Хамилтон се тркаше со презимето на неговиот татко, Ентони од стартот на тркачката кариера, но вели дека не е фер по бракот презимето на жените да престане да „постои“.

„На моето семејство ќе му значи многу ако освојам осма титула, но ќе ми значи и мене знаејќи дека сум горд на моето семејно презиме, Хамилтон. Но, малкумина знаат дека презимето на мојата мајка е Ларбалестиер и дека ќе го додадам на моето презиме.  Не сфаќам зошто жената би го губела презимето кога ќе се ожени. Се надевам наскоро, пред Бахреин ГП трката“, изјави Хамилтон.

Scroll to Top