Top Sport

Лига Европа: Арсенал оди на Атлетико, Марсеј против Салцбург

УЕФА , отстапи од својата долгогодишна пракса, кога станува збор за извлекувањето на полу-финалните двојки во европските купови и во петокот прво ја изврши ждрепката во Лига Европа. на прагот на финалето дојдоа Атлетико Мадрид, Арсенал, Олимпик Марсеј и Салцбург.

Атлетико ја има освојувано Лига Европа во 2010 и 2012 година, Арсенал е петтиот англиски тим што стигнал до полу-финалето во ова натпреварување, Олимпик Марсеј по 13 години е меѓу најдобрите четири во европските купови, а Салцбург е првиот австриски тим по 1994 година што ќе игра европско полу-финале.

Ждрепката во Нион, носи вистинско дерби во полу-финалето, бидејќи ги спои најголемите фаворити за титуата Арсенал и Атлетико Мадрид.

Во второто полу-финале ќе играат Олимпик Марсеј и Салцбург.

Полу-финалните натпревари се играат на 26.април и 3.мај, а финалето е во Лион на 16.мај.

Scroll to Top