Светскиот шампион во Формула 1, Луис Хамилтон, се надева дека до Божик ќе потпише нов договор со екипата на Марцедес. Хамилтон оваа сезона ја освои седмата шампионската титула во кариерата, на вечната листа се израмни со Михаел Шумахер, а стана рекордер според бројот на победи, Бротанецот има 95 победи во Ф1, четири повеќе од легендарниот Германец.
Хамилтон, последната трка во сезоната, која во неделата се возеше во Абу Даби, ја заврши на третото место. Неговиот договор со Мерцедес истекува за две недели. Неколку пати тој изјавуваше дека сака да остане во Мерцедес.
За „Скај Спорт“, Хамилтон рекол дека „убав подарок за сите би бил“, кога би постигнале договор некаде околу Божик.
„Планирам и сакам да бидам тука и наредната година. Мислам дека ние како тим треба да направиме уште многу работи во овој спорт. Се надевам дека ќе ги започнеме преговорите и дека ќе потпишам пред Божикните празници“, рекол Хамилтон.
Покрај Мерцедес и Ред Бул се уште ја немааат комплетирано поставата за наредната сезона. Во Ред Бул не се сигурни дали ќе го задржат Александер Албон или ќе му пружат шанса на Серхио Перез откако Рејсин Поинт не му понудија нов договор. Исто така се претпоставува дека Алфа Таури на местото на Данил Квјат ќе го донесат Јуки Цунода.
Наредната сезона за Мекларен ќе возат Даниел Рикардо и Ландо Норис, за Астон Мартин (Рејсинг Поинт) Себастијан Фетел и Ленс Строл, а за Алпин (Рено) Фернандо Алонсо и Естебан Окон.
Во Ферари ќе бидат Шарл Леклер и Карлос Саинц, а во Алфа Ромео Кими Раиконен и Антонио Џовинаци.
Вилијамс ги задржаа Џорџ Расел и Николас Латифи, а Хас ќе има нова постава со Мик Шумахер и Никита Мазепин.
Новата сезона во Ф1 ќе започне на 21.март во Мелбурн со трката за Големата награда на Австралија.