Top Sport

Хамилтон: Притисокот за прва Ф1 титула влијае врз Макс!

Луис Хамилтон се подготвува за трката за Големата награда на Русија во Сочи каде Мерцедес обично победува. Пред трката Британецот зборуваше за Макс Ферстапен и инцидентот кој се случи во Монца. Луис, кој заостанува 5 бода за Холанѓанецот, смета дека Макс Ферстапен е под притисок затоа што никогаш не бил поблизу до првата шампионска титула во Ф1.

„Очигледно е под притисок, но тоа не го признава. Се сеќавам како ми беше мене кога бев во истата позиција. Беше напнато. Поминав низ многу различни емоции и не успевав баш најдобро да се носам со тоа. Многу очекуваш од себе си и притисокот е се поголем затоа што имаш страст за победување“ рече Хамилтон.

Тој смета дека борбата со Макс кога ќе возат тркало до тркало ќе ја одлучи искуството.

„Сите мора да сме паметни и да знаеме кога не можеш прв да поминеш низ свиокот, најважно е да преживееш до следниот свиок. Треба да знаеш дека не е се во тоа да се победи во еден свиок“ нагласи Британецот.
Трката за ГН на Русија во Сочи се вози во недела, на 26. септември.

Scroll to Top