Top Sport

Хамилтон се извлече без казна за излегување пред возач: Двапати погледнал на ретровизорот! (видео)

Светскиот шампион и лидер во генерален пласман, Луис Хамилтон е под истрага по петочните тренинзи за Француското ГП во ден во кој неговиот Мерцедес доминираше.

Британецот влегува на трката во Пол Рикар со 29 поени предност пред колегата Валтери Ботас, откако Себастијан Фетел беше казнет со 5 секунди на Канадското ГП поради небезбедно излегување пред Хамилтон.

Сега, Хамилтон се соочуваше со слична казна (пред утрешните квалификации) откако тој се изврте на патеката, па кога влезе на неа предизвика Макс Ферстапен во Ред бул да мора да сопира и да излезе од патеката.

Хамилтон ја крена раката во знак на извинување, и стјуардите на крајот решија да не го казнат, што е иронично и доаѓа во исто време кога беше одбиена жалбата на Ферари. Во одлуката стјуардите велат дека Хамилтон „барем“ двапати погледнал во ретровизорот пред да излезе на патеката.

Нема враќање на победата на Фетел од Канада

Scroll to Top