Top Sport

Хамилтон стана почесен граѓанин на Бразил и веднаш беше поздравен од Пеле

Парламентот на Бразил усвои закон со кој му додели почесно државјанство на седумкратниот светски шампион во Формула 1, Британецот Луис Хамилтон. Тој го добива како признание за неговата посветеност кон земјата и кон легендарниот Аиртон Сена.

Хамилтон призна дека останал без зборови откако беше прогласен за почесен граѓанин.

„Добив почесно државјанство на едно од моите омилени места во светот. Немам зборови во моментов. Ти благодарам Бразил, те сакам, едвај чекам да те видам повторно”, објави Хамилтон на својот Инстаграм профил, кој го следат 28,4 милиони луѓе.

Веднаш доби повик и од еден од најдобрите фудбалери на сите времиња, Бразилецот Пеле.

„Честитки, Луис. Среќен сум што те сметам за сонародник отсега натаму”.

Процесот на донесување на посебна правна регулатива за доделување на почесно бразилско државјанство на Хамилтон беше иницирана од политичарот Андре Фигуеирдо, откако Британецот победи на минатогодишното гранпри на Бразил, кога истовремено ги носеше и британското и бразилското знаме.

Хамилтон не можеше да биде во Бразил бидејќи викендов се очекува да настапи во Азербејџан.

Scroll to Top