Top Sport

Баерн продале најмногу дресови во 2021

Баерн Минхен продале најмногу дресови во 2021 година. Ова го покажува истражувањето на агенцијата „Еуромерик спорт маркетинг“. Инаку, оваа агенција е официјален партнер на ФИФА.

Според истражувањето на агенцијата, во 2021 година, Баерн продале 3.250.000 дресови. Втор на листата со 200.000 помалку продаден дресови е Реал Мадрид.

Во Топ 10 има четири англиски клуба, уште еден германски, Борусија Дортмунд, додека Јувентус е единствениот претставник на Италија.

Топ 10:

1. Баерн Минхен (Германија) 3.250.000
2. Реал Мадрид (Шпанија), 3.050.000
3. Ливерпул (Англија) 2.450.000
4. Манчестер јунајтед (Англија) 1.950.000
5. Јувентус (Италија) 1.420.000
6. Барселона (Шпанија) 1.340.000
7. Челси (Англија) 1.310.000
8. Борусија Дортмунд (Германија) 1.222.000
9. ПСЖ (Франција) 1.180.000
10. Манчестер сити (Англија) 1.087.000

Scroll to Top