Top Sport

Хорор-излетување на Монте Карло релито, возачот и совозачот се извлекоа без повреди

Францускиот рели возач Адриен Фурмо и неговиот со-возач Александер Корија имаа среќа што заминаа без повреди по неверојатното излетување на Монте Карло релито, првата трка од рели ВРЦ шампионатот.

Возачот на М-Спорт ја загуби контролата на својот Форд Пума автомобил, удирајќи во карпа покрај патот, по што автомобилот заврши во падина од другата страна.

Снимките на социјалните мрежи покажуваат како Фурмо седи на снегот, а неговиот со-возач излегува од здробениот автомобил. Сепак, мора да се признае дека безбедоста на модерните рели-автомобили се толку високи што по ваква несреќа возачите немаат сериозни повреди.

Scroll to Top