Top Sport

Руска трагедија! Утнаа пенал по крајот на 60-те минути за пораз од Шпанија

Шпанија остана фаворит за одбрана на титулата од Европското првенство во ракомет, откако во супер-интересен дуел успеаја да ја совладаа Русија со 26:25 за да останат на првото место во својата група во втората фаза на шампионатот.

Мечот имаше драматична завршница, откако Русите го имаа последниот обид, кога Данил Шишкарјев беше фаулиран при обидот, и по прегледувањето на снимкит беше досуден пенал, но Игор Сорока ја погоди стативата за да ја предаде победата на Шпанците и да си ги намали шансите за полуфинале.

Во меч во кој имаше повеќе промени на водството, посебно во првото полувреме, Шпанија отиде на одмор со предност од еден гол (12:11), но во второто полувреме, Русите успеаја да се вратат во игра и да поведат со четири разлика. Меѓутоа, потоа следуваа многу грешки во рускиот тим, кои Шпанците ги искористија и стигнаа до израмнување и до водство, кое го заддржија по неверојатниот финиш.

Standings provided by SofaScore LiveScore

Scroll to Top