Македонскиот автомобилист Игор Стефановски – Иџе оствари уште еден успех. Тој имаше фантастична трка во Словенија и успеа да слави во најновата трка од Европскиот шампионат на ридски патеки. Македонецот победи и во двете возења, а притоа постави и нов рекорд на патеката.
Иџе се наоѓа на првото место во генералниот поредок и питребна му е победа на уште една трка за да стигне до титулата.