Индискиот мотоциклист Ц.С. Сантош е во кома по тешкиот пад на Дакар релито во Саудиска Арабија и се наоѓа во престолнината Ријад каде што се бори за својот живот откако двајца негови ривали успеаја да го спасат.
37-годишниот Сантош, кој учествува на четвртото Дакар рели, имал тешок пад на четвртата етапа, пред Холанѓанецот Паул Спирингс и Италијанецот Маурицио Герини да го вратат во живот пред да стигне хеликоптерот со кој бил однесен во болница.
„Кога пристигна хеликоптерот по 15 минути, за среќа почувствувавме дека уште има пулс. Среќа што знаев што да правам, иако ова ми беше прво искуство“, изјави Спирингс.
Самиот Сантош се повлече од трката во 2020 кога неговиот португалски колега Пауло Гонсалвес го загуби животот, како втора фаталност по мотоциклистот од Холандија, Едвин Стравер.