Top Sport

Хрватска се намачи со Грузија, Црна Гора убедлива со Белорусија (видео)

Светскиот вице-шампион Хрватска со 2:1 ја победи Грузија во пријателски меч во Пула, користејќи го празниот распоред по успешните квалификации за Евро 2020 за тест. Црна Гора пак, по катастрофалните квалификации, се утеши со 2:0 победа над Белорусија во пријателски меч во Подгорица.

„Коцкестите“ губеа против Грузија, откако Гиорги Папунашвили во 19. минута со удар од 18 метри ја искористи лошата интервенција на голманот Ловро Калиниќ. Но, само шест минути подоцна, Хрватска израмни откако грузискиот капитен Гурам Кашија по центаршутот на Оршиќ ја заби топката во сопствената мрежа. Човек на одлука беше Иван Перишиќ кој во 53. минута со гол од глава донесе победа за тимот на Златко Далиќ.

Црногорците пак, експресно го решија победникот на дуелот со Белорусија – Стефан Мугоша во деветтата минута и Сеад Хакшабановиќ во 14. минута донесоа 2:0 победа.

Scroll to Top