Луис Хамилтон го освои второто место во квалификациите за трката на Големата награда на Австрија, но поради инцидентот со Кими Раиконен тој е казнет, вратен е три места назад и ќе стартува од третиот ред, односно од петтата позиција.
Водечкиот во генералниот пласман и победникот на шест трки сезонава, во првата квалификациска сесија во еден момент го блокираше Кими Раиконен. Возачот на Алфа Ромео инцидентот го пријави преку тимското радио, а откако квалификациите завршија стјуардите го казнија Британецот.
https://twitter.com/F1/status/1145000155495710727
Тоа значи дека утре од првиот ред ќе стартуваат Шарл Леклер и Макс Ферстапен, од вториот Валтери Ботас и Ландо Норис, а покрај Хамилтон во третиот ред ќе биде Кими Раиконен.
Траката за Големата награда на Австрија ќе започне во 15.10 часот.